Барселона ќе гостува во Мадрид во следното коло од Купот!

Барселона синоќа се намачи и дури по 120 минути игра успеа да го елиминира третолигашот Корнеља, во Купот на Шпанија. Каталонскиот гигант е главен фаворит за освојување на овој трофеј, ако се знае дека веќе се елимнирани мадридските гиганти Реал и Атлетико.

Во осминафиналето, Барселона повторно доби противник кој е од ранг подоле, а тоа е второлигашот Рајо Вајекано. Како и синоќа, Каталонците повторно ќе играат на гости и тоа во Мадрид. Дербито во оваа фаза од натпреварувањето ќе биде во Севија каде домашниот тим за противник ја доби Валенсија.

Мечевите од Купот ќе се играат на 26, 27 и 28 јануари.

 

- Оглас -

Најнови вести