Барселона ќе има нов капитен: Чави не може да оди против традицијата, капитенот мора да биде од Ла Масија

Екипата на Барселона во следната сезона ќе има нов капитен, откако досегашните капитени ја напуштија екипата. Таа улога до сега ја имаа Серхио Бускетс, Жерард Пике и Жорди Алба.

Логично е таа улога да ја преземе германскиот голман Марк-Андре Тер Штеген, бидејќи тој остана верен на клубот и во тешки моменти, но одлуката во моментов е кај тренерот Чави Ернандес.

Во Барселона има традиција дека капитен мора да биде фудбалер кој потекнува од Ла Масија, а дали Чави ќе оди против традицијата останува да се види, иако во моментов најголеми шанси му се даваат на Сержи Роберто.

- Оглас -

Најнови вести