Барселона ќе може веднаш да го регистрира Шченсни и за Лигата на шампионите

Барселона ќе може веднаш да смета на Војќех Шченсни во натпреварите од Лигата на шампионите ако дојде до негов ангажман, пренесува „Марка“. Триесет и четиригодишниот Полјак е пред враќање во фудбалот откако на крајот на август донесе одлука да ја заврши својата кариера.


Сериозната повреда на Марк-Андре тер Штеген сепак го натера каталонскиот гигант да се сврти кон него бидејќи моментно може да ангажира само слободни агенти.

За настапот во Лигата на шампионите, Барселона има регистрирано четворица голмани, но само двајца од нив се на таканаречениот „А“ список – Тер Штеген и Ињаки Пења.

Се очекува Тер Штеген да закрепнува најмалку осум месеци. Според „Спорт“, Шченсни ќе ги помине медицинските тестови во понеделник и ќе потпише договор до крајот на сезоната.

Другите двајца се младинците Андер Астралага и Диего Кочен, кои се на „Б“ списокот.
Правилата на УЕФА предвидуваат дека еден клуб може веднаш да го замени голманот од „А“ списокот ако не може да смета на него поради повреда.

Барселона веќе одигра еден натпревар во Лигата на шампионите и загуби на гости против Монако со 1-2, а следниот натпревар го игра на 1 октомври против Јанг бојс.

- Оглас -

Најнови вести