Барселона купи играч кој нема да може да го игра до крајот на сезоната

Младиот 21-годишен десен бек, Жулијан Араухо и официјално е нов играч на Барселона. Араухо доаѓа од редовите на Лос Анџелес галакси за трансфер вреден четири милиони евра. Потпиша договор на три и пол години.

Сепак, Барселона нема да може да го користи Араухо до крајот на сезоната затоа што заврши зимскиот преоден рок. Интересно е дека каталонскиот гигант сакаше да го доведе овој играч во јануари, но само за 18 секунди задоцни со регистрацијата, па Араухо во следните неколку месеци ќе треба да игра во Б тимот на Барселона, каде тренер е Рафаел Маркез.

Араухо од почетокот на сениорската кариера играше во ЛА галакси и одигра точно 100 меча. Ги помина сите младински категории во репрезентацијата на САД, а одигра и еден дуел за сениорскиот тим. Сепак, подоцна Араухо се предомисли и реши да го смени националниот дрес, па сега настапува за Мексико.

Тој ќе биде вториот фудбалер со презимето Араухо, откако во Барселона веќе стандардно место има Уругваецот Роналд Араухо.

 

- Оглас -

Најнови вести