Барселона летово ќе продаде седуммина фудбалери, меѓу нив е играчот кој требаше да биде наследник на Меси

Шпанскиот шампион Барселона, стави седуммина фудбалери на трансфер-листата со цел да ги избегне проблемите со финансискиот фер-плеј.

Каталонскиот весник „Спорт“ пишува дека тренерот Чави Ернандес, дал согласност на трансфер-листата да бидат ставени Клемен Ленгле, Франк Кеси, Ерик Гарсија, Сержињо Дест, Алекс Коладо, Феран Торес и Ансу Фату.

Најголемо изненадување претставува Ансу Фати, кого сите го гледаа како наследник на Лионел Меси и на кого му беше дадена „десетката“. Но, младиот Шпанец не ги исполни очекувањата и се очекува да биде продаден доколку пристигне примамлива понуда.

Барселона досега ги потпиша Илкај Гундоган, Ињиго Мартинес и бразилската сензација Витор Роке. Гундоган и Мартинес пристигнаа како слободни играчи, Германецот од европскиот шампион Манчестер сити, додека Мартинес од Атлетик Билбао. Каталонците се договорија да му платат 75 милиони евра отштета на Атлетико Параненсе за Роке.

- Оглас -

Најнови вести