Барселона може да ги продаде сите играчи, освен тројца: Едниот е Меси, кои се другите двајца?

Само тројца фудбалери на Барселона се сигурни дека нема да се најдат на трансфер листата за летниот преоден рок. Според најавите, логично е дека Меси е еден од тројцата фудбалери кои никој нема да смее да ги допре. Освен шесткратен освојувач на Златната топка, на листата на играчи кои сигурно нема да бидат продадени се и Френки де Јонг кој минатото лето дојде од Ајакс, како и голманот Марк Андре тер Штеген, кој е незаменлив на голот на Барселона.

Сите останати играчи, вклучувајќи ги и Жорди Алба, Серхио Бускетс, Луис Суарес и Антоан Гриезман ќе може да бидат продадени, доколку се најде клуб што ќе даде соодветна сума за раскин на договорите. Барселона во изминатиов период губи голема сума на пари поради кризата со Коронавирусот.

- Оглас -

Најнови вести