Играчите кои се дел од СП2026 на своите клубови дневно ќе им носат по 5.000 долари

Учесниците на Светското првенство во 2026 година, кое започнува следната недела, ќе им заработуваат на своите клубови околу 5.000 долари дневно од фондот на ФИФА вреден 355 милиони долари, објавува агенцијата АП.

Од ФИФА дадоа детали за тоа како ќе биде распределен уделот на клубовите во приходите за оние чии играчи се меѓу 1.248 избрани за турнирот, како и за оние повикани за 905 квалификациски натпревари. Светската фудбалска куќа информираше дека играчите вклучени во квалификациите заработиле 2.360 долари по натпревар за клубовите во кои биле регистрирани во тој период. Илјадници клубови низ целиот свет треба да добијат пари поради учеството на 209 национални селекции. Само Еритреја и Русија, која е суспендирана од меѓународни натпреварувања, не учествуваа.

Од сите клубови во светот, англискиот гигант Манчестер сити на Мундијалот има најмногу фудбалери. Дури 19 играчи на Манчестер Сити се повикани да бидат дел од Светското првенство во 2026 година. Англискиот тим, доби најголем дел од програмата на ФИФА за Мундијалот во Катар во 2022 година и за планетарниот собир во Русија во 2018 година. Претходните исплати на Сити на претходните две СП беа 4,6 милиони долари и 5 милиони долари од фонд од 209 милиони долари.

Во 2023 година, беше договорено клупскиот фонд да биде 355 милиони долари за претстојниот турнир. Тој предвидува 250 милиони долари за клубовите да ги платат своите играчи на Светското првенство и 100 милиони долари за клубовите што испратиле играчи во квалификациите. ФИФА соопшти дека другите 5 милиони долари ќе ги покријат административните трошоци.

На листата на други клубови кои треба да добијат мултимилионски исплати од ФИФА се наоѓаат Баерн Минхен со 18 играчи и финалистите на Лигата на шампионите, Париз Сен Жермен и Арсенал со по 16 фудбалери. Надвор од Европа, Ал Хилал од Саудиска Арабија е најдобро застапен со 12 играчи. Кристал Палас ги престигна Ливерпул и Реал Мадрид. Новите шампиони на Конференциската лига имаат 12 претставници за Светското првенство во 2026 година, додека Ливерпул има 11, а Реал Мадрид 10.

Исплатите на ФИФА до клубовите од приходите од Светското првенство започнаа на изданието во 2010 година.

- Оглас -

Најнови вести