Барселона може да заработи 30 милиони евра за играч кој уште не заиграл ниту еднаш на „Камп Ноу“

На почетокот на оваа година Барселона соопшти дека потпишала договор со Франциско Тринкао од Брага. Каталонскиот гигант даде 30 милиони евра за бисерот на Брага. Тринкао е 20-годишен офанзивен играч кој покажа дека е голем талент, а со Барселона потпиша договор до 2025 година.

Португалскиот фудбалер остана да ја доигра сезоната во Брага, каде во 40 меча даде девет голови, а имаше и 13 асистенции. По завршувањето на оваа сезона, Тринкао треба да се приклучи на Барселона. Каталонскиот гигант кој даде 30 милиони евра за играчот, доби понуда за да го продаде иако уште не одигра ниту еден натпревар за каталонците.

Според шпанските медиуми, англиски премиерлигаш понудил 60 милиони евра за трансферот на младиот Португалец, но Барселона одбила да го продаде фудбалерот кој треба да биде еден од талентите што треба да се докаже на „Камп Ноу“.

 

 

- Оглас -

Најнови вести