Жив зијан е Барса – Му подготвија проштално писмо на светскиот првак што ќе ги чини пет милиони евра

Катастрофалната трансфер-политика што Барселона ја практикуваше во последните години го доведе клубот на работ на финансискиот амбис, а нов пример за лошите потези и засилувања е случајот со Самуел Умтити.

Во клубот не го сакаат, односно не им е потребен, а играчот што беше платен 25 милиони евра во 2016 година при трансферот од Лион не сака да си оди.

Умтити најави дека ќе се обиде да се бори за место во првата постава на Барселона, но Роналд Куман не смета на него, а и навивачите не го сакаат и го сметаат за еден од виновниците за заминувањето на Лионел Меси.

Францускиот репрезентативец доби свирежи на „Камп ноу“ на премиерниот меч на Барселона во Ла Лига, но Умтити е упорен.

Барселона сепак нема да има трпение и според најавите на каталонски „Спорт“ ќе му го раскине договорот, што ќе го чини клубот 5 милиони евра.

Умтити досега одигра 90 натпревари за шпанскиот гигант и постигна два гола, а беше светски првак со Франција на Мундијалот во 2018 година што се играше во Русија.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести