Барселона му се восхитува на Реал Мадрид

Повеќе од една деценија, Барселона беше една од најдоминантните екипи во Европа. Од Доаѓањето на Роналдињо, преку Анри, Ибрахимовиќ, Давид Виља, па се до трансферите на Нејмар и Суарез, каталонскиот тим „жнееше трофеи“.

Сега веќе ситуацијата не е таква, „црни облаци“ се надвиснати над Камп Ноу, а доказ за тоа е и неможноста да ја задржат легендата на тимот Лео Меси. Раководството на Каталонците признава дека му се восхитуваат на нивниот најголем ривал за тоа како работи на финансиски план.

„Можно е да ги доведат Мбапе и Халанд, Реал е голем клуб и има голема моќ. Да ја работевме и ние истата работа како нив во последните години, и ние ќе се обидевме да ги ангажираме тие играчи. Флорентино Перез има менаџмент на кој можеме само да му симнеме капа и му се восхитуваме како на никој друг. Никој не работи како господин Перез и имам само убави зборови за него и неговиот менаџмент, бидејќи се љубезни кога и да се сретнеме. Може само да се восхитуваме на Реал, нивниот менаџмент и предводникот на целиот овој клуб“ изјави Едуард Ромеу кој е потпретседател на Барселона и главниот човек задолжен за финансиите во тимот.

Барса вчера го доби и финансискиот извештај за минатата сезона во кој тие на крајот завршиле со минус од 400 милиони, а долгот изнесува една милијарда и 300 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести