Селта Виго и Барселона одиграа 2:2 во меч од 14 коло на шпанската Примера. Гостите први се израдуваа на погодок кога Рафиња ја искористи грешката на домашната одбрана и погоди за предност од 1:0, што беше резултат по првото полувреме.
Во вториот дел Барселона повторно прва се израдува на погодок. Се играше 61 минута кога Роберт Левандовски се снајде одлично и погоди за 2:0 за каталонскиот гигант.
Барселона имаше контрола на играта и резултатот се до моментот кога црвен картон заработи Касадо во 82 минута. По исклучувањето на еден гостински играч, Селта Виго доби самодоверба и сила, што на крајот им се исплатеше.
Гонзалес погоди за 1:2 во 84 минута, а само две минути подоцна следуваше нова голема радост за домашните навивачи кога Алварес беше прецизен за 2:2.
За Барселона ова е прво реми сезонава и сега има 34 бодови од 14 меча. Атлетико Мадрид е втор со 29 бодови од 14 средби, а Реал Мадрид од 12 дуели досега освои 27 бодови.