Барселона навреме избегна ново сценарио „Нејмар“

Барселона летово одбила вртоглава понуда од 150 милиони евра за услугите на Ансу Фати. Како што откриваат неколку шпански медиуми, понудата стигнала од Манчестер јунајтед, а Црвените ѓаволи наводно биле подготвени да ја платат и клаузулата од 170 милиони евра за да го добијат потписот на суперталентираниот офанзивец.

Сепак, Барселона успешно избегна ново сценарио „Нејмар“ со еден потег. Со самото прекомандување на Фати во првиот тим на Барселона, неговата клаузула порасна до 400 милиони евра според потпишаниот договор во летото 2019 година, па Јунајтед остана немоќен во намерите да се засили со новата ѕвезда на шпанскиот фудбал.

Доказ дека Фати е непроценлив за Каталонците, се неговите два гола во првиот натпревар за Барселона од новата сезона во Ла Лига, во кој 17-годишниот Фати реализира два од четирите погодоци на Барса во победата над Вилјареал.

 

- Оглас -

Најнови вести