Кошаркарите на Оклахома први се чекираа во конференциското полуфинале откако со „метла“ ја елиминираа екипата на Феникс. Оклахома го доби и четвртиот меѓусебен дуел од серијата против Феникс, овојпат со 122-131 на гостински терен.
Никола Јокиќ беше клучната фигура во победата на Денвер од 125-113 над Минесота, со што намалија на 3-2 во четвртфиналната серија. Србинот го заврши мечот со 27 поени, 12 скока и 16 асистенции.
Орландо зголеми на 3-1 во серијата против Детроит откако на домашен терен победи со 94-88.

