Барселона не го победи веројатно идниот второлигаш, и се прости од титулата!

Барселона одигра 3-3 на свој терен против Гранада и практично како да се прости од борба за титулата во шпанското првенство, затоа што на 14 кола до крајот заостанува големи 10 бода зад Реал Мадрид.

Храбрата Гранада не знае за пораз од Барса на пет лигашки мечеви по ред, па гледајќи ја традицијата, резултатот од вечерва и не е толкава сензација. Гранада е претпоследна на табелата со мали шанси да остане прволигаш, но трипати го совлада повратникот Марк Андре Тер Штеген и освои голем бод.

Најдобар поединец кај Каталонците беше 16-годишниот Ламин Јамал кој даде два гола и стана најмлад двоен стрелец во историјата на Ла Лига, а кога едно дете е главен играч на таков гигант, јасно е дека имаат проблем.

Барса има примено 33 гола во 24 кола, а минатата сезона после 24 кола имаа примено само 8.

- Оглас -

Најнови вести