Екипата на Барселона и вечерва нема да смета на услугите на летното засилување Дани Олмо. Каталонците не стигнаа навреме да го регистрираат фудбалерот кој го пропушти и првото коло.
Барса мора да продаде уште некои играчи или да продаде дел од некој друга нивна сопственост, за да ослободи место за платата на Олмо со што би се исполнил финансискиот ферплеј, и да може да го регистрира за настап во Ла Лига.
После првото коло, од Барса тврдеа дека Олмо сигурно ќе игра вечерва во Билбао, го ставија и на пријавната листа, но уште немаат најдено начин како да ослободат простор за негово регистрирање и наредните денови ќе мора да преземаат подрастични мерки.