Барселона не може да го пробие бункерот на Севилја

Барселона и Севилја играат без голови по првото полувреме во натпревар од 20-то коло во Ла Лига.

Каталонците кои имаат шанса со евентуална победа да му избегаат на осум бода на Реал Мадрид на табелата, доминираа во првото полувреме на „Камп Ноу“, но не успеаја да ја затресат мрежата на Боно.

Играчите на Барселона имаа 66 отсто посед на топката, изведоа дури осум корнери, имаа девет шута од кои два завршија во рамките на голот кои ги одбрани Боно, но резултатот остана непроменет.

Одлична шанса да го отвори резултатот имаше Роберт Левандодвски чиј удар во 17-та минута го одбрани Боно. Десет минути подоцна, Полјакот уште еднаш се закани, но Боно, повторно успеа да го одбрани неговиот шут.

- Оглас -

Најнови вести