Кошаркарите на Кливленд славеа на гостувањето кај Детроит со 117:113 во петиот меч од полуфиналето на Источната конференција во НБА-плејофот. Со овој триумф Кливленд поведе со 3:2 и сега е на чекор од пласман во конференциското финале.
Детроит има зошто да жали за овој пораз затоа што домаќините водеа со девет поени предност на 2:40 минути до крајот (103:94), но Кливленд не се предаде и израмни на 103:103, па дури имаше и напад за победа, но дуелот заврши нерешено и мораше да се играат продолженија. Во дополнителните пет минути гостинските кошаркари се снајдоа многу подобро и на крајот стигнаа до победата.
Харден со 30 поени беше најефикасен во победничкиот тим, а додаде и осум скокови и шест асистенции. Мичел заврши со 21 поени, а Струс постигна 20 поени. Кај Детроит најефикасен беше Конингнам со 39 поени, девет асистенции и седум скока, а Џенкинс заврши со 19 поени.
Шестиот меч од оваа серија се игра на теренот на Кливленд, кога домашниот тим ќе има шанси со победа да се пласира во конференциското финале.

