Претседателот на шпанската Примера дивисион, Хавиер Тебас, потврди дека на Барселона нема да ѝ биде дозволено да купува нови играчи во летниот преоден рок во 2023 година.
„Барселона не смееше да доведе нов играч во јануарскиот преоден рок, а таа забрана ќе важи и за летниот преоден рок“, откри Тебас.
Каталонскиот гигант неодамна беше во голема финансиска криза, но со новите задолжувања и договори со челниците на Примера дивисион успеа да опстане, но под посебни услови.
Барселона мора да работи на тој начин што ќе гарантира финансиска стабилност и тоа го прави во договор со челниците на Лигата. Токму затоа Тебас одлучи да ѝ забрани на Барселона во два преодни рока да купува нови играчи.
🚨 Javier Tebas: “FC Barcelona did not sign any players in January, because we did not allow them to and they will not be able to sign anyone next summer as well.” @Radioestadio pic.twitter.com/hrvGQrGdBE
— Managing Barça (@ManagingBarca) March 2, 2023