Барселона останува без најголемиот талент кој се појавил по Лионел Меси

Чави Симонс е 16-годишниот холандски фудбалер кој важеше за најголем талент на „Ла Масија“ по појавувањето на Лионел Меси. Холандското чудо од дете сите го најавуваа како нов Чави во дресот на Барселона, но многу веројатно е дека младиот Симонс воопшто нема ни да заигра во првиот тим на каталонскиот гигант.

Неговиот менаџер, контроверзниот Мино Рајола, веќе работи на трансферот на Симонс. Многу веројатно е дека тој ќе замине во Пари Сен Жермен, а францускиот првак е подготвен дури и да му даде шанса на тинејџерот да биде во првиот тим.

Барселона го загуби овој талент, пред сè, поради финансиите. Тие му нудеа годишна плата од 100.000 евра, сума која менаџерот Раијола ја сметаше за премала, па затоа реши да направи трансфер. Преговорите за новиот договор со Барселона, Каталонците ги започнаа прекасно и затоа сега ќе останат со празни раце.

https://youtu.be/AnSSSAqUOyc

 

- Оглас -

Најнови вести