Барселона по секоја цена сака да се ослободи од фудбалерот што го плати 25 милиони евра

Договорот за позајмица на Самуел Умтити во Лече заврши и Французинот се врати во Барселона. Сепак, Каталонците не сакаат да го задржат и одлучни се да го продадат ова лето за да можат да донесат нови фудбалери.

Раководството на Барселона веќе остварила контакт со неговите менаџери, од кои е побарано да му бараат нов клуб, но нова позајмица не е во опција. Според шпекулациите, екипата на Лион е заинтересирана да го доведе Умтити во своите редови, но најпрво ќе мора да го продаде Лукебу.

Договорот на Умтити со Барселона е со важност до 2026 година.

- Оглас -

Најнови вести