3.8 C
Skopje
четврток, 22 јануари 2026

Барселона победи, но реакцијата на Флик ја открива важноста на Педри (Видео)

Барселона со 4-2 славеше во Прага над Славија и дојде блиску до влез во топ-8 во лигашкиот дел на Лигата на шампионите, но моментот од 60-тата минута ја засени победата.

Педри повторно се повреди и не можеше да го продолжи мечот, па беше заменет, а во моментов е јасно е дека тој нема да биде дел од составот на Каталонците за првенствениот дуел против Овиедо.

Реакцијата на Ханси Флик во моментите кога Педри се повреди јасно ја открива важноста на фудбалерот и колку тој е значаен не само за средниот ред на Барселона, туку и воопшто за екипата.

- Оглас -

Најнови вести