Барселона почнува да зависи од Јамал? Двата лигашки порази се кога тој не беше стартер

Барселона синоќа го претрпе вториот пораз сезонава во Ла Лига, Каталонците беа надиграни од Реал Сосиедад, а Барса ја имаше една од своите најлоши партии, без ниту еден шут во рамките на противничкиот гол.

Не изгледаа како тим што ги газеше ривалите изминатиот период и за првпат сезонава не постигнаа гол.

Една од причините за „постот“ веројатно е неприсуството на младиот Ламин Јамал.

Тој е повреден и се виде дека без него Барселона не е истиот тим. Ова е втор пораз за тимот на Ханси Флик сезонава во првенството, а и кога загубија првпат на гости од Осасуна со 2-4, Јамал не беше стартер.

Вчера Јамал не можеше да одигра ниту една минута, не беше ни на клупата за резерви, а во Памплона влезе во второто полувреме на половина час до крајот кога тимот веќе губеше со 1-2. Јамал тогаш даде гол, но за да го ублажи поразот.

Присуството на најдобриот млад фудбалер на светот се покажува од суштинско значење за оваа Барса затоа што тој секогаш привлекува неколку дефанзивци и се ослободува повеќе простор за другите неговите соиграчи.

Додуша Барса еднаш загуби и со Јамал на терен, тоа беше во Лигата на шампионите против Монако, кога тој одигра 80 минути и даде гол, но кога тој е стартер и игра 90 минути, Барселона дефинитивно делува помоќно.

- Оглас -

Најнови вести