Барселона постои повеќе од 120 години, а вечерва за првпат го направи ова! (Видео)

Барселона за време на Светското првенство во Катар ќе биде првопласирана во шпанската Ла Лига. Каталонците вечерва ја победија Осасуна со 2-1 и му побегнаа пет бода на Реал Мадрид, кој има и еден меч помалку.

Ниту водството на домашните и црвениот картон на Левандовски (само трет во кариерата) не беа причина за Барса да не ги освои трите бода.

Барселона испиша историја, за првпат во своето постоење победи на гости во меч на кој губела на полувреме и цело второ полувреме го играла со човек помалку.

Црвен картон доби и Пике, кој беше на клупа и неславно ја заврши кариерата.

Ова е голот на Рафиња во 85-тата минута за голема победа на Барселона:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести