Барселона против негативниот учинок на гостувањата во нокаут-фазата

Барселона иако е фаворит во двомечот против Наполи, нема сомнежи дека вечерва на Каталонците ќе им биде тешко да дојдат до триумф на „Сан Паоло“. Ќе играат против традицијата која им создава кошмари, поради што воедно се без успех на европската сцена од 2015 година.

Имено, Барселона во последните осум меча во нокаут-фазата кои ги одигра на гости, издвои само еден триумф, и тоа лани против Манчестер јунајтед со 1-0 во четвртфиналето. На останатите седум меча, Каталонците петпати загубија, од Јувентус, Рома, Ливерпул, ПСЖ и Атлетико Мадрид, додека во два наврати ремизираа против Челзи и Лион.

Шпанскиот првак има проблем и со учинокот надвор од „Камп ноу“. Во сите осум меча постигнаа само два гола, додека дозволија дури 17 во својата мрежа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести