Барселона регистрираше тројца играчи благодарение на Пике

Барселона успеа да регистрира тројца фудбалери непосредно пред почетокот на новото првенство. поради финансиски проблеми, каталонскиот гигант не можеше да ги регистрира Мемфис Депај, Ерик Гарсија и Реј Манај. Овие тројца фудбалери сепак нема да бидат во составот за дуелот од првото коло против Сосиедад.

Регистрацијата на играчите е завршена благодарение на Џерард Пике. Заменик капитенот се согласи за значително намалување на платата, како би се ослободиле пари за доведување на тројцата нови играчи.

Барселона на својата официјална страница ги потврди трите нови играчи, а најави дека се разговара и со Серхио Бускетс и Жирди Алба да ги намалат платите.

 

- Оглас -

Најнови вести