Барселона реши да го продаде проблематичниот бисер

Барселона одлучи да го продаде Илаиш Мориба, 18-годишниот талентиран играч за врска кој минатата сезона дебитираше за сениорскиот тим. Управата не дозволува да се прават игри и обиди да се изнуди висока плата кога клубот е задушен во долгови, па Морива заврши на трансфер-листа.

Тој неколкупати одби да го продолжи договорот кој му истекува следното лето, наводно барајќи плата не пониска од пет милиони евра по сезона, па сега Каталонците ќе се потрудат да заработат од неговото заминување, кога веќе нема да го искористат потенцијалот на Мориба.

Доволна ќе биде сума меѓу 15 и 20 милиони евра за да биде продаден, а бундеслигашот Лајпциг веднаш покажа интерес и наводно веќе се почнати преговори околу потенцијалниот трансфер на Мориба.

Ланската сезона Мориба запиша вкупно 18 настапи за Барса во кои забележа еден погодок и три асистенции, покажувајќи го својот потенцијал, кој за жал во иднина нема да се гледа на „Камп ноу“.

- Оглас -

Најнови вести