Барселона сака да го врати од позајмицата, а тој вели: „Ме интересира само сегашноста“

Репрезентативецот на Мароко, Чади Риад, во 2019-тата година пристигна во Барселона, но беше испраќан на позајмици во Сабадел и Бетис, каде и моментално игра. Неговата позајмица истекува налето, па „каталонците“ посакуваат да го вратат во своите редови, бидејќи првите посериозни сениорски настапи ги забележа во Бетис, и тоа на сосема задоволително ниво.

Од друга страна, екипата на Бетис размислува да го откупи неговиот договор, бидејќи има право на тоа доколку плати три милиони евра обесштетување. Фудбалерот вели дека во моментов не размислува за враќање на „Камп Ноу“.

– „Едноставно работам ден за ден. Концентриран сум на сегашноста, бидејќи ако мислиш на други работи, губиш концентрација и работите тргнуваат на лошо. Бетис е мојата екипа. Ќе дадам 100% за оваа екипа. Не размислувам за Барселона, на ум ми е само Бетис. Доколку Барселона сака да ме врати, за тоа ќе размислувам кога ќе дојде време за тоа.“ – вели младиот дефанзивец за шпанските медиуми.

Риад е роден во Мајорка и поседува и шпанско државјанство, па е идеален за екипите бидејќи може да настапува како домашен фудбалер, додека за репрезентацијата на Мароко веќе собра 20 настапи.

- Оглас -

Најнови вести