Барселона сака да го „врзе“ Тер Штеген до 2025 година

Германскиот репрезентативен голман Марк Андре Тер Штеген е пред нов потпис со Барселона. Шпанскиот првак не сака да остави ништо на случајот и сака да биде сигурен дека чуварот на мрежата чиј договор истекува за една година, ќе остане многу подолго на „Камп Ноу“.

Според пишувањата на каталонските весници, на Тер Штеген ќе му биде понуден договор до 2025 година. Германецот дојде во Барселона во 2014 година од тимот на Борусија Менхенгладбах и четири сезони е незаменлив на својата позиција. За него интерес покажаа повеќе европски клубови како што се Манчестер сити, Челзи, Баерн Минхен и Јувентус, но Барселона сигурно нема да дозволи да го загуби првиот голман.

- Оглас -

Најнови вести