Андони Ираола ќе биде новиот тренер на Ливерпул откако двете страни постигнале договор по интензивните преговори во изминатите денови.
Според информациите на Фабрицио Романо, официјалното потпишување на договорот се очекува во следните неколку дена. Токму Романо прв ја објави веста за отказот на Арне Слот, по што од Ливерпул и официјално ја потврдија разделбата со холандскиот стратег.
Ираола доаѓа по успешниот период на клупата на Борнмут, каде што остави одличен впечаток со напаѓачкиот стил на игра и развојот на младите фудбалери.
Во моментов не е познато дали Шпанецот ќе ја има улогата на класичен менаџер, со поголеми овластувања околу трансферите и спортската политика, или ќе биде главен тренер, како што беше случајот со неговиот претходник Слот.
Ливерпул се подготвува за многу активно лето на трансфер-пазарот, а доаѓањето на Ираола би можело да означи почеток на нов проект на „Енфилд“, со значителни промени во играчкиот кадар и амбиции за враќање на самиот врв на англискиот и на европскиот фудбал.

