Барселона по само неколку дена ја промени одлуката кога го избриша Бразилецот Дани Алвеш и повторно го врати неговото име меѓу легендите на клубот.
Бразилецот пред неколку дена беше осуден на 4,5 години затвор поради силување, а клубот во кој помина најголем дел од професионалната кариера, Барселона, на таквата одлука на шпанскиот суд реагираше така што неговото име го избриша од листата на легенди на својата официјална интернет страница.
Но, само неколку дена подоцна, Барселона го врати името на фудбалерот кој има одиграно повеќе од 400 натпревари за клубот, меѓи легендите и повторно под неговото име стои дека и најдобриот десен бек во историјата на клубот.
Во 125 години долгата историја на Барселона, на списокот на легенди се наоѓаат 102-ца фудбалери и многумина го сметаат и за најдобар десен бек во историјата на фудбалот. До неодамна со 43 освоени трофеи беше најтрофееен фудбалер во историјата, но беше престигнат од поранешниот соиграч, Лионел Меси.