Барселона се подготвува за најлошото сценарио, „Камп Ноу“ затворен до февруари!

Раководството на Барселона побарало од тим од менаџери да изготван план и проценка какви се перспективите пред клубот, откако пандемијата од корона-вирусот ќе стивне. Во анализата и проучувањето околу економските опасности во новите услови, имало две сценарија, лошо и добро, или како што тие ги нарекоа, „основен“ и „оптимистички“.

Според стручњаците, основното сценарио е пореално, од денешна гледна точа. Тоа сценарио значи дека сезоната во Ла Лига нема да биде доиграна, преодниот рок ќе биде од 15 август до 15 септември, а мечевите ќе се играат без публика дури до февруари 2021 година. Барселона која го има најголемиот стадион во Европа, губи по 3,3 милиони евра за секој неодигран меч или натпревар без публика, а и доста пари од влезници од туристите кои го посетуваат музејот на стадионот и самиот стадион.

Оптимистичката варијанта е да се одиграат сите преостанати двобои од првенството од средината на јуни до средината на август. На стадионите нема да биде дозволено влез на публика, а враќањето на фановите на трибините ќе стане можно во средината на ноември.

Во Барселона сакаат да се подготват за двете сценарија, и да дејствуват адекватно при промените на пазарните тенденции, за да не заостанат премногу зад другите големи клубови.

 

- Оглас -

Најнови вести