Пријателството на дело: За Турција сме само Македонија! (Фотогалерија)

Пријателскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Турција и Македонија ќе започне во 19:30 часот, а стадионот на Фенербахче во Истанбул веќе започнува да се полни. Навивачите се движат кон влезовите, а околу стадионот може да се забележат неколку штандови кои продаваат сувенири од репрезентацијата на Турција, но и за мечот.

Пријателството помеѓу двете земји, но и меѓу двата народа може да се забележи и на овие сувенири на кои пишува дека Турција игра против Македонија, без никакви придавки, додавки, кратенки или слично, кои се и тоа како навредливи за нас Македонците.

- Оглас -

Најнови вести