Барселона се заблагодари на двете португалски ѕвезди додека тие се на ЕП

Жоао Кансело и Жоао Феликс ќе ја напуштат Барселона, откако им истече договорот за позајмица. До 30 јуни 2024 година важеше договорот според кој Кансело и Феликс се играчи на каталонскиот гигант, а засега нема договор за продолжување на соработката, па тие ќе се вратат во матичните клубови.

Кансело беше на позајмица од Манчестер сити, а Феликс има активен договор со Атлетико Мадрид. Двајцата Португалци беа меѓу клучните играчи на Барселона во сезоната која што измина. Феликс одигра 44 меча за Барселона и постигна 10 голови, а Кансело настапи на 42 средби и иако е дефанзивец, даде четири погодоци.

- Оглас -

Најнови вести