Барселона шутна 25 пати, проклетството на Суарес продолжи

Барселона се изнамачи да даде гол на гости против Лион, но на крајот гостите не успеаа во својата намера. Неверојатна беше офанзивата на каталонскиот гигант, но најмногу поради одличниот голман на Лион, Лопес, Барселона не се израдува на погодок. Сега со 0-0, резултат кој може да биде многу опасен, Барселона на реваншот на „Камп ноу“ ќе бара поминување во четврт-финалето.

Статистиката покажува дека Барселона упати неверојатни 25 удари кон голот на домаќините, но не даде ниту еден гол. Луис Суарес беше играчот кој имаше најмногу шанси, но не погоди. И на овој меч всушност продолжи проклетството на Уругваецот да не може да даде гол на гости во Лигата на шампионите. Последен пат Суарес се израдувал на погодок на гости во елитната лига на УЕФА пред три и пол години.

Пресметано во минути поминати на терен без да даде гол, Суарес дури 25 часа, односно 1.500 минути не може да погоди на гостински терен во ЛШ. Неговиот пост трае веќе 16 средби.

- Оглас -

Најнови вести