Барселона си донесе двајца Португалци на позајмица

Во последните часови од преодниот рок, Барселона успешно ги заврши преговорите околу позајмица, не на еден, туку на двајца португалски репрезентативци, Жоао Феликс од Атлетико Мадрид и Жоао Кансело од Манчестер сити.

И двајцата фудбалери имаа голема желба сезонава да настапуваат за шпанскиот шампион и поради тоа одбија неколку богати понуди од саудиските екипи, но и од тимови од Серија А.

Португалците на „Камп Ноу“ доаѓаат само на едногодишна позајмица, без можност Барселона идното лето да ги откупи нивните договори.

Интересно е што и двајцата фудбалери и минатата сезона беа испратени на позајмица, Жоао Феликс играше за Челси, додека Жоао Кансело настапуваше за Баерн Минхен.

- Оглас -

Најнови вести