Барселона си најде нов играч од Ливерпул

Шпанскиот првак Барселона се надева дека го реши прашањето за резерва на Жорди Алба на позицијата лев бек. Според најавите, каталонскиот гигант го договорил трансферот на Алберто Морено од Ливерпул. Интересно е тоа што Морено не ги исполни очекувањата на англискиот премиерлигаш, кој потроши 15 милиони за неговото доаѓање, а сега многу почесто е на клупата за резерви отколку на теренот. Прва опција на Ливерпул на таа позиција е Ендрју Робертсон.

Барселона и Ливерпул имаат добра историја на трансфери. Последни два големи трансфери кои беа направени, а од „Енфилд роуд“ се преселија во Барселона, се Луис Суарес и Филипе Кутињо. Што се однесува за Морено, неговиот договор со Ливерпул истекува на крајот од сезонава, што значи дека како слободен играч ќе замине во редовите на шпанскиот шампион.

На Морено воопшто нема да му биде проблем да се прилагоди на шпанскиот фудбал бидејќи пред да дојде во Ливерпул, тој играше за Севилја.

- Оглас -

Најнови вести