Барселона сигурно чекори кон шампионската титула (Видео)

Фудбалерите на Барселона направија уште еден исчекор кон освојување на титулата во Ла Лига откако во 27 коло, со убедливи 4:0 славеа на гостувањето кај Елче.

Со новата победа, Барселона на 11 кола до крајот на сезоната, има 71 бод, 15 повеќе од второтопласираниот Реал Мадрид кој својот натпревар од ова коло против Валјадолид ќе го игра утре.

Роберт Левандовски со својот 16-ти гол, го отвори резултатот во 20-та минута. До крајот на првиот дел немаше промена на резултатот а во вториот дел, Барселона за 14 минути постигна три гола и ги освои бодовите.

Прво, Ансу Фати во 56-та минута погоди за 0:2, за десет минути подоцна, Левандовски да го постигне 17-от гол во Ла Лига сезонава. Конечниот резултат го постави Феран Торес во 70-та минута.

- Оглас -

Најнови вести