Барселона склопи договор со музички гигант и за три години ќе инкасира 280 милиони евра

Доаѓаат подобри денови во Барселона по финансиската криза којашто го „удри“ овој клуб во последните години, а потврда на сето тоа е и новото спонзорство со музичкиот гигант „Спотифај“.

Барса и оваа музичка компанија склопија договор кој ќе се активира од наредната сезона, а ќе трае три години. Клубот ќе инкасира 280 милиони евра, додека името на оваа компанија ќе се додаде во стадинот, па од наредната сезона ќе биде „Камп ноу -Спотифај“, додека логото на оваа компанија ќе ги има на машкиот и женскиот фудбалски клуб, како и на рекламните панели коишто се околу теренот.

Сопственик на оваа музичка фирма е Швеѓанецот Даниел Ек, којшто е огромен фан на Арсенал и минатата година во неколку наврати се обидуваше да го купи тимот од Лондон, но безуспешно.

- Оглас -

Најнови вести