Барселона со еден прецизен удар го доби дербито

Барселона минимално со 1:0 победи на гостувањето кај Реал Сосиедад, во последниот меч од 33. коло на шпанското првенство. Каталонскиот гигант со овие три бода стигна до 63 бодови и повторно е на второто место на табелата, но има дури 15 помалку од лидерот Реал Мадрид, кој само теоретски треба да ја потврди титулата.

Пјер Емерик Обамејанг беше стрелец на голот кој се покажа како единствен и доволен за Барселона да ги освои трите бода од „Аноета“. Обамејанг погоди во 11 минута и потоа до крајот на средбата гостите одлично ја одбранија предноста. Ударот на Обамејанг беше единствен прецизен удар на гостите кон голот на Сосиедад, но успеаа топката да ја сместат во мрежата.

За Обамејанг ова беше 11-ти погодок во последните 14 средби, со што само потврдува во каква голгетерска форма се наоѓа.

Сосиедад имаше поголем посед на топката, упати повеќе прецизни удари кон противничкиот гол, изведе повеќе корнери, но на крајот домаќините не постигнаа ниту еден гол и загубија.

 

- Оглас -

Најнови вести