Барселона стигна до 500+ голови во ЛШ, но има еден клуб кој е пред нea

Барселона води со 1-0 против Ливерпул на полувреме, во првиот меч од полуфиналето во Лигата на шампионите. Луис Суарес погоди во 26-тата минута и донесе голема радост на преполниот „Камп ноу“.

Освен што има големо значење во борбата за пласман во финалето од ЛШ, овој погодок на Суарес е и јублеен. За Барселона ова беше 500-ти гол во Лигата на шампионите. Каталонскиот гигант е само втор клуб во историјата со вакво постигнување во елитното натпреварување на УЕФА.

Пред нив е само најголемиот ривал, Реал Мадрид. Кралевите досега имаат дадено 551 погодок во ЛШ. Мадриѓаните ќе останат на оваа бројка до крајот на оваа сезона бидејќи беа елиминирани уште во осминафиналето од Ајакс.

 

- Оглас -

Најнови вести