Барселона цели две децении не знае за пораз од Севилја на „Камп Ноу“ и со нова победа го искористи киксот на Кралевите

Фудбалерите на Барселона го искористија подарокот кој денеска им го „сервира“ најголемиот ривал, Реал Мадрид, кој претходно загуби од Мајорка. Каталонскиот тим славеше со 3:0 против Севилја и сега има 53 бода, дури осум повеќе од Кралевите во трката за шампионската титула.

https://twitter.com/i/status/1622344865978646529

Барселона ја продолжи серијата без пораз против Севилја на „Камп Ноу“ која започна во декември 2002 година и оттогаш оствари 17 победи и само три пати играше нерешено на пред своите гледачи.

Барселона до победата над Севилја дојде во второто полувреме откако првиот дел заврши без голови. Победата ја најави Жорди Алба во 58-та минута, а 12 минути подоцна Гави зголеми на 2:0.

https://twitter.com/i/status/1622347931729657858

Конечниот резултат го постави Рафиња во 79-та минута.

https://twitter.com/i/status/1622349914939314180

Барселона во следното коло му гостува на Вилјареал, додека Севилја која невообичаено се наоѓа во долниот дел од табелата, ќе ја пречека Мајорка.

 

- Оглас -

Најнови вести