Барселона цело време води, но Вардар не се предава (9:13)

Вардар ќе мора да одигра перфектно второ полувреме ако сака да ја анулира негативата на Барселона по првите 30 минути во „Јане Сандански“. Каталонскиот гигант одлично се снајде во првите 30 минути во „пеколот“ кој го создадоа навивачите на Вардар, па гостите имаат позитива од четири гола.

Барселона поведе со 1:0, а Вардар успеа да израмни на 1:1, што беше и единствен нерешен резултат во првиот дел. Гостите со серија од 4:0 стигнаа до предност од 5:1 во 8 минута. Чупиќ од пенал и двата гола од контра напади на Дибиров беа доволни за 4:5, а Барселона потоа погоди за 6:4. Вардар намали на 5:6, а потоа „црвено-црните“ имаа 2-3 напади за да израмнат, но не погодија.

Во 15 минута беше 7:6 за Барселона, која со серија од 3:0, повторно стигна до четири позитива (10:6). Борозан погоди за 7:10, но повторно со нова серија од 3:0, гостите стигнаа до најубедливи 13:7 во 28 минута. Во последните две минути Вардар со два гола намали на 9:13 и најави дека нема да се предаде лесно.

Тимур Дибиров со три гола е најефикасен кај Вардар, а Борозан има два погодоци.

- Оглас -

Најнови вести