Барселона во историјата немала ваква сезона

Барселона игра одлично и тоа се гледа со првото место на табелата во Примера дивисион и дури 11 бодови повеќе од вечниот ривал Реал Мадрид, кој има одиграно и меч помалку. Каталонскиот гигант синоќа со 1:0 победи на гости кај Вилјареал, а стрелец на голот вреден три бода беше Педри во првиот дел.

Педри е феноменален, барем кога се работи за реализација. Од последните 15 шута кои ги има упатено кон противничкиот гол, дури 10 завршиле во противничката мрежа.

Најголема заслуга за тоа што Барселона има 56 бода од 21-вото коло е одбраната на каталонскиот гигант. Триумфот против Вилјареал од 1:0 беше дури седми сезонава во првенството, што значи дека на секој трет натпревар сезонава во Примера, Барселона победува со 1:0.

Низ историјата на клубот, Барселона немала сезона со повеќе од седум средби на кои триумфирала со 1:0, и тоа во сите наптреварувања, а сега тоа го направија само во 21 коло.

- Оглас -

Најнови вести