Барселона во пробеми, нивниот нов фудбалер никогаш не го победил Реал Мадрид (Фото)

Репрезентативецот на Португалија, Жоао Феликс, на последниот ден од преодниот рок потпиша за Барселона и во тековнава сезона како позајмен од Атлетико Мадрид ќе настапува за “каталонците“.

Сепак, се чини Барселона ќе биде во големи “проблеми“ поради португалецот, посебно кога ќе треба да игра против Реал Мадрид.

Феликс со Атлетико Мадрид и Челзи има одиграно вкупно осум натпревари против Реал Мадрид и никогаш нема победено.

Со Челзи двапати загуби со по 2-0 во Лигата на шампионите, додека со Атлетико Мадрид има само две нерешени средби и четири порази.

Жоао Феликс никогаш не постигнал погодок против Реал Мадрид, а нема ниту асистирано, но тоа го немаат направено ниту неговите соиграчи додека тој бил на теренот. Атлетико Мадрид двапати му дал гол на “кралскиот“ клуб со Феликс во составот, но головите биле постигнати кога Феликс веќе бил заменет или се уште не бил влезен во игра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести