Хулијан Алварес сака да си замине од Атлетико Мадрид

Хулијан Алварес сака да го напушти Атлетико Мадрид ова лето. Оваа вест синоќа ја објави еден од посигурните извори од Шпанија, „Кадена СЕР“, кој тврди дека агентите на Алварес веќе кокетираат со други клубови. Иако се споменуваше Барселона, Каталонија не е единствената опција, бидејќи неговите агенти контактирале и со Арсенал и Пари Сен Жермен, кои исто така се заинтересирани за негов трансфер.

„Кадена СЕР“ додава дека во Атлетико Мадрид стравуваат дека Алварес не сака да остане и дека неговите агенти ќе побараат трансфер, но истовремено ставот на клубот е дека неговото заминување ќе биде исклучително скапо и ќе ги отежне преговорите.

Се шпекулира дека сумата не смее да биде под 100 милиони евра, а големо прашање е кој би платил толку пари. На Барселона очајно ѝ е потребна нова „деветка“, бидејќи Роберт Левандовски си заминува како слободен играч, но таа сума е огромна. Арсенал минатото лето потроши богатство за Виктор Ѓокереш, па нејасно е како би го вклопиле и Алварес, додека Пари Сен Жермен веќе го има можеби најсилниот напад во Европа и без класичен центарфор.

Но, Хулијан Алварес сака да замине, се очекува неговите агенти да извршат притисок врз Атлетико Мадрид, а повеќе од јасно е дека овој трансфер ќе биде тешка и многу скапа операција.

- Оглас -

Најнови вести