Бартомеу ги елиминира свиркачите што го издадоа дека ги шпиунира Меси и соиграчите

Хосеп Бартомеу го возврати ударот и им најавил на дел од своите соработници дека ќе треба да си заминат по големиот скандал во кој токму тој беше обвинет дека ги шпинуира Меси и соиграчите и ги оцрнувал преку пропаганда на социјалните мрежи.

Меѓу тие што ќе треба да си заминат е и потпретседателката Емили Русауд, која требаше да биде меѓу најсериозните кандидати за наследник на Бартомеу.

Шпанските медиуми неодамна открија огромен скандал во Барселона предизвикан од актуелниот претседател Хосеп Марија Бартомеу. Човекот што е на чело на шпанскиот гигант од 2015 година наводно најмил компанија која за еден милион евра требало да ја фали неговата работа, но и преку профили на социјалните мрежи да се оцрнуваат и понижуваат сите противници на Бартомеу, меѓу кои дури и најдобриот фудбалер во историјата на Барса, Лионел Меси.

Освен Меси, цел на Бартомеу биле и Пике, Чави, Пеп Гвардиола, неговите ривали за претседателското место, но и главните политичари кои се борат за осамостојување на Каталонија.

Бартомеу уште во 2017 година ја најмил компанијата „И3 Вентурас“, која е специјализирана за креирање мислење на социјалните мрежи. „И3 Вентурас“ преку стотина профили на социјалните мрежи ја фалеле работата на Бартомеу и вршеле напади врз неговите противници.

Сето ова се случува во ситуација кога Барселона е прва на табелата во Ла Лига и е во игра за титулата во Лигата на шампионите. Бартомеу, според шпанските медиуми, им најавил и на дел од членовите на Бордот на директори дека ќе треба да си заминат од клубот.

- Оглас -

Најнови вести