Бартомеу се смешкаше со Тринкао, а потоа со кукавички потег ги збесна фановите на Барса

Човекот за кој навивачите на Барселона сметаат дека е највиновен што Лионел Меси сака да ја напушти Барселона денеска се појави во јавноста, и тоа насмеан. Кај нас би рекле „Село гори, баба се чешла“. Ова многу ги налути фановите на Барса, а тие уште повеќе збеснаа кога дознаа дека на прес-конференцијата по повод договорот со младиот Португалец Тринкао, претседателот Хосеп Марија Бартомеу нема да се појави бидејќи знаеше дека ќе му се поставуваат незгодни прашања во врска со Меси.

Бартомеу се сликаше со напаѓачот Тринкао, кој дојде од Брага, го потпиша договорот и потоа се сокри од јавноста, па навивачите со право го нарекуваат кукавица. Го остави 20-годишниот Португалец со техничкиот секретар Рамон Планес, иако стандарна процедура е покрај нов играч, на неговата презентација да биде и претседателот на клубот.

Планес изјави дека Барселона не размислува да влегува во конфликт со Меси, но најави дека клубот нема намера да му го раскине договорот и очекуваат в недела Меси да се појави на лекарските прегледи во пресрет на стартот на подготовките за следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести