Башакшехир на добар пат да ја прокоцка првата титула во Турција

Како се доближува крајот на првенството, лидерот во турското првенство, Башакшехир е се поочаен. Дека тимот е во лоша форма се потврди и денеска. Башакшехир играше на домашен терен против Гезтепе, кој беше во зоната за испаѓање, се очекуваше лесна победа на домаќините, но се случи обратното.

Тимот кој грчевито се бори за опстанок успеа да победи со 2:0 на теренот на моментно најдобриот тим во Турција. Уште во седумата минута беше најавена сензацијата, кога погоди Жером, додека победата на гостите беше потврдена со погодокот на Кадах во 85 минута.

За Гезтепе ова беше само трета победа во 16 меч на гости сезонава, додека Башакшехир само втор пат загуби пред своите навивачи. Лидерот во Турција е во очајна серија и на последните пет меча во првенството освои само пет бодови (победа, две реми и два порази). Со 62 бода Башакшехир сега има само три повеќе од Галатасарај кој има меч помалку, што значи дека со победа, може да има израмнивање на врвот на табелата.

Башакшехир никогаш во клупската историја не бил првак на Турција, а како игра во последно време, многу веројатно е дека ќе ја прокоцка оваа историска шанса.

- Оглас -

Најнови вести