Баскија вечерва слави: Атлетик Билбао е освојувач на Купот! (Видео)

Екипата на Атлетик Билбао дојде до 24-тиот трофеј од Купот на Шпанија, откако доцна вечерва дури после изведувањето на пенали ја совлада Мајорка со 4-2. Натпреварот во регуларниот дел заврши без победник, 1-1, а така беше и после продолженијата.

Ова е „омилениот“ трофеј на клубот од Баскија, бидејќи е на второто место по бројот на освоени пехари од Купот на кралот, 24, веднаш после Барселона, која има 31. За Атлетик Билбао ова беше јубилејно 40-то финале, кое и не започна според посакуваното за нив.

Даниел Родригес во 21-вата минута ја донесе Мајорка во водство од 0-1, откако беше најприсебен во карамболот пред голот на Атлетик Билбао.

На 1-1 израмни Ојхан Сансет во 50-тата минута, откако со гол ја круниса одличната асистенција на Нико Вилијамс.

Откако немаше победник ниту во регуларниот дел, ниту во продолженијата, се премина кон изведување на пеналите. Фудбалерите на Атлетик Билбао успеаја да ги погодат сите четири пенали кои ги шутираа, а за Мајорка не беа прецизни Морланес, чиј удар го одбрани Агирезабала, и Радоњиќ кој биеше високо над пречката.

- Оглас -

Најнови вести