Баскијците подобри пеналџии, Билбао им се приклучи на Леванте, Севилја и Барса

Атлетик Билбао е последниот патник во полуфиналето во Купот на Кралот, откако го елиминира Бетис по изведувањето пенали со 4-1.

Баскијците во последните секунди од дуелот избегнаа пораз откако Гарсија погоди во четвртата минута од судиското надополнување за 1-1. Погодоко на Хуанми од 10 минути претходно не беше доволен за Бетис, по што се играа дополнителни 30 минути.

И во нив немаше победник, па во пенал-рулетот голманот Симон одбрани два удари на домаќините, додека Гарсија, Вилијамс, Морсилјо и Берчиче без грешка погодуваа за Билбао.

Тимот од „Сан Мамеш“ им се приклучи на веќе познатите полуфиналисти Леванте, Севилја и Барселона, кои ќе разигруваат за трофејот во шпанскиот Куп.

- Оглас -

Најнови вести